76
Како што најавија медиумите од Холандија, 19 годишниот Никола Ѓорѓев е нов фудбалер на Твенте.
Попладнево Македонецот беше презентиран како засилување за клубот од стадионот Де Гролш Весте.
„Преселбата во Твенте е прекрасен чекор напред во мојата кариера“ – вели Никола Ѓорѓев.
„Започнав како млад играч во Грасхоперс и сега ми се укажува шанса за настап во поголемо првенство“.
„Подготвен сум за новата авантура“.
Никола Ѓорѓев во следните две години ќе настапува како позајмен, а Твенте има опција во целост да го откупи репрезентативецот на „Црвено-жолтите“.