Ѓорѓев бележи лоша низа во Твенте

by
1 минути читање

Никола Ѓорѓев веќе подолг период не добива шанса во
редовите на холандскиот прволигаш Твенте, откако добиваше прилика за настап
како првотимец во првите две кола од холандскиот шампионат, како и претходните
прилики за докажување на пријателските натпревари во предсезонските подготовки,
нема ни трага ни глас од големиот фудбалски талент на нашата земја во
последниов период.

Младиот македонски фудбалер во холандската елитна
дивизија последен пат настапи на 19 август против Венло, каде неговиот тим
загуби пред своја публика со 1-2, а овој пораз се чини дека го вклучи алармот
при што се направија низа промени и ротации по катастрофалниот старт на
сезоната. Ѓорѓев на тој меч играше се до 63. минута кога беше заменет.

Ѓорѓев имаше големи прилики за докажување од страна на
поранешниот стратег од клупата на Твенте, Рене Хаке, кој подоцна во промените
кои ги направи во тимот го изостави нашиот фудбалер, ист беше и случајот
вечерва каде младиот Македонец мечот помеѓу Твенте и Ексцелзиор каде гостите
славеа со 1-3, а нашиот фудбалер го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Во моментов составот на Твенте од клупата е предводен од
Марино Пушиќ, Холанѓанец со босанско потекло.

Вкупно, со вечерашниот меч, Ѓорѓев нема настап за Твенте
во холандскиот шампионат осум натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани