Ѓоковиќ ги поддржа Хрватите, Ракитиќ му возврати: За тебе титула на Вимблдон, за нас на Мундијалот, па заедно да славиме!

by
1 минути читање

Хрватска е хит на
Светското првенство во Русија, некои очекуваа, а некои не, но Коцкестите се
најдоа во големото финале каде во недела ќе ги одмерат силите со Франција,
стариот должник од 1998. година.

Еден од
најдобрите српски спортисти, ако не и најдобар во историјата на спортот на таа
земја, тенисерот Новак Ѓоковиќ импресиониран од изданието на Хрватите упати честитки до
нив и им посака среќа, на ова Иван Ракитиќ, репрезентативецот на Коцкестите му
возврати „ти благодарам легендо“, но, следеше и изјава за медиумите дадена токму на оваа тема.

Ѓоковиќ не
поддржа, него премногу го ценам,
капа до земја, фантастичен е како спортист, а уште повеќе и како особа. Ќе
навивам за него на Вимблдон (
Ѓоковиќ игра полуфинале против Надал
денес). Би сакал и
тој да стигне до финале и да го освои во недела. Имавме убава средба во Мајами,
тој е голема особа, му посакувам многу среќа. Доколку навистина слави во недела
во финалето на Вимблдон, ќе славиме и ние покрај него
“ рече Ракитиќ во пресрет
на финалето со Триколорите.

Фото-вест: mondo.rs

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани