Популарното „Дер Класикер“ заврши без победник, Борусија Дортмунд поведе со голот на Бајно Гитенс, но Баерн Минхен во финишот од натпреварот се спаси од пораз преку Џамал Мусиала.
Дербито помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен заврши 1-1, домаќините беа блиску до победа, но гостите изедначија под контроверзни околности.
Резултатот беше отворен во 27. минута, Бајно Гитенс како брз воз претрча по левата крилна позиција и го матираше Нојер за 1-0.
„Баварците“ пропуштија две доби прилики во продолжението, но успеаја да се спасат од пораз во 85. минута.
Сане од слободен удар биеше право во главата на Зиле и го нок-аутираше дефанзивецот на „милионерите“, но играта не беше прекината, Олисе нафрли а Мусиала со глава ја затресе мрежата за 1-1.