19 годишниот Кес Смит од АЗ Алкмар се најавува како следната ѕвезда, фудбалерот од средниот ред е на радарот на Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Њуксал.
Њукасл е последниот клуб кој застана во редот за ангажман на Кес Смит од АЗ Алкмар, популарните свраки сакаат да покажат дека можат да се носат со најсилните во Европа и да стигнат до потписот на еден од најперспективните фудбалери на стариот континет.
„Начинот на кој се ослободува од противниците, начинот на кој го скенира просторот, тоа што знае да игра и со лева и со десна… Истите овие работи ги видов и во Педри“ – вели селекторот на Холандија, Роналд Куман.
Фудбалерот од средниот ред со месеци е на радарот на Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити.
Неговата цена е околу 20 милиони евра, сома што овие клубови лесно можат да си ја дозволат.
ФОТО: X/AZ