Гигантите ќе ги разграбаат ѕвездите на Кристал Палас, Манчестер Сити понудил 70 милиони фунти

by bojan
1 минути читање
Езе

Кристал Палас ова лето може да остане без своите ѕвезди откако гигантите сериозно загризаа, последните информации велат дека Манчестер Сити е подготвен да плати околу 70 милиони фунти (преку 80 милиони евра) за услугите на Еберечи Езе.

Популарните „орли“ ова лето веќе останаа без Мајкл Олисе кој направи трансфер во Баерн Минхен, и до крајот на преодниот рок мака ќе мачат да ги задржат останатите ѕвезди.

Еберечи Езе е во бележникот на многу клубови, и оваа недела се појавија информации кои велеа дека Манчестер Сити го мерка Англичанецот како долгорочна замена за Кевин де Брујне, кој има само уште една година од договорот, и често се поврзува со преселба во Саудиска Арабија.

Офанзивниот фудбалер има откупна клузула од 60 милиони фунти, која може да се искачи и до 70 милиони фунти (над 80 милиони евра) и „граѓаните“ немаат проблем да платат ваква сума.

Покрај Еберечи Езе, мета на гигантите е и Марк Геи, за услугите на дефанзивецот голем интерес пројавуваат Арсенал и Ливерпул.

Понуда од околу 70 милиони фунти ќе го стави Кристал Палас на сериозен тест и веројатно ќе значи трансфер на Англичанецот во поголем клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани