Манчестер јунајтед по разочарувачката сезона започна летна реконструкција на тимот, а Рубен Аморим во летниот преоден рок ќе се обиде да состави екипа која наредната сезона ќе има многу подобри резултати.
Еден од приоритетите на „црвените ѓаволи“ е доведување напаѓач, а меѓу имињата што кружат се појави и едно изненадување, Џејми Варди.
Искусниот англиски според одредени медиуми на Островот се понудил на гигантот од „Олд Трафорд“ откако ја заврши својата епизода во Лестер.
Варди има 38 години и зад себе импресивна кариера, најголем дел од неа минувајќи во редовите на Лестер Сити, каде настапуваше од 2012 до 2025 година. Претходно беше дел од помалите англиски клубови како: Флитвуд, Халифакс и Стокбриџ.