Ги насмеа и коментаторите: Тргна да го прослави голот со навивачите, но… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Веројатно 25
годишниот напаѓач од редовите на јапонски Сапоро, Андерсон Лопес на многумина
ништо не им значи, но, овој Бразилец се „прослави“ на социјалните мрежи каде ги
насмеа големите љубители на фудбалот.

Утринава Сапоро
пред своја публика славеше убедлива победа од 5-2 над Шимицу, а токму Лопес
беше играчот на мечот со неверојатни четири погодоци, но, едниот од нив
засекогаш ќе го памети во својата кариера.

Откако го
постигна голот за 3-1, Лопес тргна да го прослави истиот со навивачите, но,
немаше претстава дека помеѓу билбордите и долниот дел веднаш под нив имаше три
метри висина…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/5JS2QBsitn

За среќа тој мина
без повреда во оваа ситуација, се врати на теренот и постигна уште два погодоци
за Сапоро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×