Пелистер и Вардар денеска го играат дербито во 25. коло во ПМФЛ, а и во овој натпревар беше оддадена почит на жртвите во трагедијата во Кочани.
Симболично во 59. минута судијата го прекина натпреварот за аплауз од фудбалерите и трибините каде што беше поставен и транспарент со изменет стих од песната на „ДНК“, „Ако утре ме нема“.
„Ги испивме чашите, се собравме другарите, но невозможно е сега да не ве жалиме“.