Преселбата на Нејмар во Париз во зделка вредна 222 милиони евра предизвика голема контроверзија, Барселона е убедена дека ПСЖ не може да си го дозволи трансферот без да ги прекрши правилата за Финансиски ферплеј.
На иста бранова должина размислуваат и во Ла Лига, првиот човек Хавиер Тебас веќе го обвини ПСЖ за финансиски допинг бидејќи најголемиот дел од спонзорските договори пристигнуваат од Катар, земјата која фактички го поседува клубот.
Тој сега упати нов напад кон „Светците“, вели дека ПСЖ и Нејмар биле фатени како „мочаат“ врз Финансискиот ферплеј на УЕФА.
„Ги фативме како мочаат врз Финансискиот ферплеј, го исмеваат системот“ – рекол Хавиер Тебас на Сокерекс конвенцијата во Манчестер.
„Тоа не можеме да го прифатиме, па затоа мора да се покрене истрага за ова“.