Гезтепе се интересираше за Гачевски, на крајот се реши за Бето

by
1 минути читање

Тимот каде
настапува нашиот напаѓач Адис Јаховиќ, новиот турски Суперлигаш, Гезтепе го
ангажираше искусниот 35 годишен голман Антонио Алберто Бастос Пипмарел,
попознат како „Бето“.

Иако турските
медиуми пред извесен период пишуваа дека Гезтепе, заедно со Османлиспор и
Мајатијаспор пријавиле интерес за вардаровиот чувар на мрежата Филип Гачевски,
сепак една од заинтересираните екипи се реши за легендарниот португалски
голман.

Она што излезе
низ турските медиуми околу тамошната заинтересираност за Гачевски, дополнително
говори дека Османлиспор е се чини најконкретен во намерите, па оваа екипа
наводно има подготвено понуда вредна 600.000 евра за младиот и талентиран
голман на македонскиот првак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани