Германски судија го запроси своето момче на меч од Бундеслигата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Навивачите на Келн беа сведоци на необичен и емотивен момент по последниот натпревар на клубот во Бундеслигата, кога судиja реши јавно да го запроси својот партнер пред преполните трибини.

Станува збор за Паскал Каисер, арбитар кој пред неколку години јавно зборуваше за својата бисексуалност. Тој по завршувањето на средбата излезе на теренот и пред околу 50.000 гледачи одржа краток говор, по што го запроси својот долгогодишен партнер. Овој настан наиде на бројни реакции и се шири како силна порака против дискриминацијата, покажувајќи дека фудбалот може да биде и сцена за искрени човечки емоции, а не само спортска борба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×