36
Германскиот судија Феликс Цвајер ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Македонија и Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.
Станува збор за арбитар со големо искуство на највисоко ниво, кој редовно суди дерби натпревари во европскиот фудбал и се очекува да биде дел и од претстојниот Мундијал. На Цвајер ќе му асистираат сонародниците Роберт Кемптер и Доминик Шал, четврти судија ќе биде Даниел Зиберт, додека во ВАР собата ќе биде Саша Стегман.
Ова ќе биде втор натпревар за Цвајер со Македонија, откако претходно судеше на дуелот против Италија во Рим во 2023 година, кој заврши со 5-2.
Средбата меѓу Македонија и Данска се игра в четврток од 20:45 часот.