Германски новинар јавно се извини: Прости ми, господине Кејн!

by 24 фудбал
1 минути читање

Колумнистот на „Билд“, Алфред Дракслер, јавно му се извини на Хари Кејн откако пред една година го критикуваше трансферот од Тотнем во Баерн Минхен вреден 95 милиони евра.

Англискиот капитен се покажа како фантастично засилување за баварците, со 98 гола и 29 асистенции на 103 натпревари. Дракслер призна дека погрешил кога сметал дека тоа е „преголема инвестиција за 30-годишен играч без титула“.

Сега знам, Кејн вреди секое евро. Тој е професионалец кој прави разлика и никогаш не е повреден, што зборува за неговата дисциплина и посветеност“, напиша Дракслер во текстот насловен „Извинете, господине Кејн!“.

Кејн летово го почна новото првенство со осум гола во првите четири кола од Бундеслигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×