Германски клуб ја забрани химната откако дозна дека авторот бил нацист!

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот прволигаш Сент Паули реши да направи ревизија на репертоарот на музиката за време на натпреварите на својот „Милернтор“.

Повеќе нема да ја интонираат песната „Das Herz von St. Pauli“ или во превод „Срцето на Сент Паули“, а причината за тоа е многу интересна. Станува збор за песна напишана од страна на Јосеф Олиг, а при истражување од клубот откриле нешто интересно.

Своевремено, за време на втората светска војна Олиг бил дописник за нацистичките медиуми, па поради таа причина клубот реши да ја укине песната.

Знаеме и разбираме дека песната многу им значи на нашите навивачи. Сепак, химна на стадион треба да служи за да ги поврзува луѓето. Со новите сознанија, тоа не може да биде случај. Бројни навивачи и членови истакнаа дека повеќе не се чувствуваат пријатно со тоа песната да се пушта на стадионот“, кажа претседателот на клубот Оке Гетлич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×