Германија дојде
до посакуваните три бода од гостувањето кај Чешка во групата „Ц“, обезбеди
триумф од 1-2 и тоа во самата завршница од мечот.
Гостите беа тие
кои први поведоа на натпреварот во Прага, и тоа со голот на Вернер уште во 4. Минута. Во второто
полувреме Дарида донесе израмнување на резултатот со голот во 78. минута, а на
две минути пред истекот на регуларните 90 минути Хумелс обезбеди победа за „Панцирите“.
Германија со максимални 7 победи од исто толку натпревари, односно со 21 бод се на првото место во групата „Ц“, пред Северна Ирска (16) и Чешка (9).
Англија броеше
шанси среде Малта, a големата
разлика во резултатот ја направи во самиот финиш од средбата.
„Гордиот Албион“
славеше со 0-4 на гостувањето во Атард во мечот од групата „Ф“. Кејн во 53. минута го скрши отпорот на домаќините, на 0-2 гостите зголемија преку Бертранд во 86. минута, а потоа постигнаа уште два гола во судиското продолженије, Велбек погоди за 0-3, а конечниот исход го постави Кејн со својот втор гол на средбата.
Со тоа,
англичаните имаат пет победи, две ремија и засега се без пораз во својата
група, во која со 17 бода се на првото место, пред Словачка (15), односно
Шкотска и Словенија (11).
Резултати од
денешните средби:
Казахстан – Црна Гора
0:3
Чешка – Германија
1:2
Норвешка –
Азербејџан 2:0
Сан Марино –
Северна Ирска 0:3
Данска – Полска
4:0
Романија –
Ерменија 1:0
Литванија –
Шкотска 0:3
Малта – Англија
0:4
Словачка –
Словенија 1:0