Германија со втор тим за прв пат го освои Купот на Конфедерации (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јоаким Лев во
Русија понесе драстично променет тим, со мнгоу млади играчи и фудбалери кои
немаат многу настапи за репрезентацијата.

Но и овој втор
тим на „Панцирите“ се поакажа како најдобар на Купот на Конфедерации.

Вечерва во
финалето, Германија со минимални 1-0 славеше над Чиле.

Стрелец на
единствениот гол беше Штиндл во 20. минута. Фудбалерите на Чиле загубија една
топка пред својот гол, а Вернер му асистираше на Штиндл за 1-0.

До крајот на
првиот дел, „Панцирите“ имаа уште неколку шанси за гол, но резултатот остана
непроменет.

Во вториот дел,
Чиле заигра подобро и тргна по изедначување, шампионот на Јужна Америка
постојано вршеше притисок но не успеа да ја го совлада Тер Штеген.

Во последните
мигови шанса имаше Алексис Санчез, но неговиот обид од слободен удар беше
одбранет.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани