Германија се пласира во полуфиналето по спектакуларен меч со Италија!

by riste
1 минути читање

Германија и Италија одиграа 3-3, па Германците благодарение на триумфот во Милано одат во полуфиналето од Лигата на нации.

На денешниот дуел двете репрезентации имаа по едно убедливо прво полувреме.

Во првиот дел Германија даде три гола преку Кимих, Мусиала и Клинденст за убедлива предност од 3-0.

Но, Италија имаше спектакуларно враќање во мечот. Најпрво Моизе Кин даде два голаа во 95. минута од пенал погоди Распадори за 3-3. Италијаните имаа уште неколку минути за да дадат и четврти гол и да го однесат мечот во продолженија но не успеаа.

Германија во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Португалија и Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани