Германија преку пеналите до финалето на Европското првенство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првото полуфинале во Полска донесе интересен натпревар со четири погодоци кој заврши без победник, па патникот во финалето беше одлучен на пенали.

Селке ја донесе Германија во предност од 1-0 во 35. минута, а пред крајот на првито дел Греј изедначи на 1-1.

На стартот на второто полувреме, Англија направи комплетен пресврт, Абрахам ја затресе мрежата за 2-1 во 50. минута.

По негативата, „Панцирите“ силно притиснаа и стигнаа до 2-2 преку Плате во 70. минута.

Мрежите мируваа до 90. минута, па средбата отиде во продолженија.

Резултатот остана непроменет и по додатните 30 минути, па пеналите го дадоа патникот во финалето.

Редмонд беше трагичарот на Англија, фудбалерот на Саутемптон не беше прецизен во последната петта серија, па Полерсбек донесе голема радост за Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×