Комплетирано е првото коло од Купот на Конфедерации откако вечерва силите ги одмерија Германија и Австралија.
„Кенгурите“ го намачија фаворитот, но на крајот „Панцирит“ стигнаа до победа.
Резултатот беше отворен веќе во 5. минута, Штиндл ја донесе Германија во водство од 1-0.
Светскиот шампион потоа имаше неколку добри шанси за зголемување на предноста, а откако Германија не ги искористи шансите, казната стигна во 41. минута, Рогиќ изедначи на 1-1.
Но Германија дојде до ново водство до крајот на првиот дел, Дракслер погоди од пенал за 2-1.
На стартот на вториот дел, Гроецка зголеми на 3-1, но Австралија не се предаде и преку Јуриќ намали на 3-2.
„Кенгурите“ потоа се обидоа да стигнат и до ново изедначување, но избраниците на Лев успеаја да ја зачуваат предноста.