Германија ќе го
брани трофејот на Светското првенство без играчот кој им го донесе златото пред
четири години. Јоаким Лев попладнево го соопшти поширокиот список од 27 играчи
и на него не се најде Марио Геце.
Повик не доби и
Андре Ширле, кој асистираше за голот во финалето на мундијалот во Бразил. Од
составот отпаднаа и уште двајца светски шампиони, Шкодран Мустафи и Емре Џан.
Мануел Нојер и покрај тоа што нема настап цела сезона доби шанса да го докаже
својот фитнес, а најголемо изненадување е вклучувањето на Нилс Петерсен од
Фрајбург.
Поширокиот список
на Германија:
Голмани: Лено,
Нојер, Тер Штеген, Трап
Одбрана: Боатенг,
Гинтер, Хектор, Хумелс, Кимих, Платенхард, Ридигер, Силе, Тах
Среден ред: Бранд,
Дракслер, Горецка, Гундоган, Кедира, Крос, Милер, Озил, Ројс, Руди, Сане
Напад: Гомес, Петерсен,
Вернер
Here it is! The provisional #DieMannschaft squad for the 2018 #WorldCup! #ZSMMN pic.twitter.com/7HxNQaeU8s
— Germany (@DFB_Team_EN) May 15, 2018