Германија ќе брка искуство во Русија, Лев само со тројца шампиони

by
1 минути читање

Како увертира на мундијалот во 2018, летоска од 17. јуни до 2. јули, Русија ќе биде домаќин на континенталните шампиони.

Попладнево, селекторот на Германија, Јоаким Лев го соопшти составот со кој „Панцирите“ ќе настапат на Купот на Конфедерации.

Од тимот се изоставени речиси сите ѕвезди, Јоаким Лев повика само тројца играчи кои беа дел од шампионскиот состав од Бразил.

Составот на Германија за Купот на Конфедерации:

Голмани: Лено (Леверкузен), Тер Штеген (Барселона), Трап (ПСЖ);

Одбрана: Гинтер (Дортмунд), Хектор (Келн), Хенрихс (Леверкузен), Кимих (Баерн Минхен), Мустафи (Арсенал), Платенхард (Херта), Ридигер (Рома), Силе (Хофенхајм);

Среден ред: Бранд (Леверкузен), Џан (Ливерпул), Демирбај (Хофенхајм), Деме (Лајпциг), Дракслер (ПСЖ), Горецка (Шалке), Руди (Хофенхајм);

Напад:  Сане (Манчестер Сити), Штиндл (Менхенгладбах), Вагнер (Хофенхајм), Вернер (Лајпциг), Јунес (Ајакс).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани