Германија, Франција и Холандија во иста група, целата ждрепка од Лигата на нации (ФОТО)

by
2 минути читање

Европската куќа
на фудбалот реши да ги замени досадните пријателски натпревари со Лига на
нации.

УЕФА верува дека
новиот формат кој ќе има шампион, испаѓање и промоција ќе предизвика големо
внимание. Лигата на нации стана дополнително атрактивна за помалите
репрезентации откако беше обелоденето дека таа ќе носи и четири места на ЕВРО
2020.

Откако со месеци
се најавуваше новоформираното натпреварување, денеска во Лозана беше извршена ждрепката.

Она што е
најважно за нас е тоа дека се паднавме во Групата 4, заедно со Ерменија,
Лихтенштајн и Гибралтар.

Што се однесува
до врвот, особено ќе биде интересна Групата 1 во Лигата А, каде се
репрезентации како Германија, Франција и Холандија.

Лига А

Група 1: Германија, Франција, Холандија
Група 2: Белгија, Швајцарија, Исланд
Група 3: Португалија, Италија, Полска
Група 4: Шпанија, Англија, Хрватска

Лига Б

Група 1: Чешка, Украина, Словачка
Група 2: Турција, Шведска, Русија
Група 3: Северна Ирска, БиХ, Австрија
Група 4: Данска, Ирска, Велс

Лига Ц

Група 1: Израел, Албанија, Шкотска
Група 2: Естонија, Финска, Грција, Унгарија
Група 3: Кипар, Бугарија, Норвешка, Словенија
Група 4: Литванија, Црна Гора, Србија, Романија

Лига Д

Група 1: Грузија, Летонија, Казакстан, Андора
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3: Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар

Натпреварите ќе
се играат во септември, октомври и ноември 2018:

1. коло: 6-8 септември
2. коло: 9-11 септември
3. коло: 11-13 октомври
4. коло: 14-16 октомври
5. коло: 15-17 ноември
6. коло: 18-20 ноември

Завршницата ќе
биде на програмата од 5 до 9 јуни 2019, а плеј-оф натпреварите кои ќе носат
настап на ЕП ќе се одиграат во март 2020.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани