Во третиот денешен меч од нашата група, Германија немаше милост кон Лихтенштајн, му даде дури девет гола.
Сане и Милер постигнаа по два гола, по еден дадоа Гундоган, Ројс и Баку, а Лихтенштајн си постигна и два автогола.
Хрватска со 7-1 славеше на гостувањето кај Малта. Мајер даде два гола, по еднаш погодија Перишиќ, Чалета-Цар, Пашалиќ, Модриќ и Крамариќ. Голот за домаќините всушност беше автогол на Брозовиќ.
Најголемото изненадување денеска го направи Грузија која со 2-0 ја победи Шведска која на овој меч играше и со Златан Ибрахимовиќ.
Шпанија со гол на Сарабија од пенал победи на гостувањето кај Грција.
Кристијано Роналдо и Португалија одиграа реми без голови кај Ирска. Нерешно, но 2-2 заврши и мечот меѓу Словачка и Словенија.
Русија со 6-0 го победи Кипар, Ликсембург со 3-1 славеше на гостувањето кај Азербејџан.