74
Висеј Кобе успеа да се пласира во полуфиналната рунда од
купот на Јапонија, по пенал рулетот со Кашима откако резултатот по регуларниот
дел игра гласеше 1-1.
Интересен детал ни пристигнува од таа средба во Кобе каде
во фокусот на вниманието се најде Германецот Лукас Подолски.
Подолски во 43. минута заработи опомена од главниот
арбитар а неговата одлука е помалку чудна, најмногу поради причините за жолтиот
картон, па социјалните мрежи се активираа веднаш по ова, исмејувајќи се со
јапонскиот фудбалски шампионат.
Фудбалерот на гостите „филмски“ ја изрежира оваа ситуација,
голманот падна како „покосен“ во стил дека добил удар со лакт од Германецот, а
делителот на правдата наседна по таа симулација.