Германците лудо го сакаат фудбалот, 62.000 гледачи на меч од Втората лига! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вчера со мечот меѓу Шалке и Херта почна новата сезона од Втората Бундеслига во која оваа сезона ќе учествуваат повеќе славни клубови.

Шалке и Херта се два легендарни клубови, па без разлика што се работи за меч од втората лига, стадионот во Гелзенкирхен беше исполнет.

Вкупно 62.270 гледачи беа присутни на стадионот на Шалке, атмосферата беше фантастична.

Минатата сезона просекот на гледачи на стадионите во популарната Цвајта беше 30.493, што е фантастична бројка за второлигашки фудбал. Со оглд на тоа што оваа година има и повеќе славни клубови со поголеми бази на навивачи, оваа бројка може да биде и надмината.

Што се однесува до вчерашниот меч, Шалке победи со 2-1 со головите на Муса Сила и Никола Катиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×