Германската „Бундеслига“
е на прагот да стане првото фудбалско првенство од поголемо ниво во Европа кое
би продолжила во периодов на кризата со коронавирусот, откако сите 36 клубови
од првите две дивизии дале зелено светло за идејата сево ова да се оствари
почнувајќи од 9. мај, барем така известуваат медиумите.
Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека натпреварите ќе се играат без
публика, односно со максимум 322 луѓе на кои ќе им биде дозволено присуство во првата
дивизија, а 270 луѓе на натпреварите во втората дивизија.
Како и да е, за финалната одлука околу планираното продолжување на фудбалските возбудувања ќе
се земе во предвид и одлуката на германската влада, како и здравствените
институции кои исто така ќе имаат свој збор на овој план.
Нема дилеми дека
за остварување на овој план на Германците ќе бидат потребни драстични мерки за
да се избегнат несакани последици, како и да е, за да се исполнат хигиенските
стандарди кои би биле од повисоко ниво, првично ќе постои широко распостратено
тестирање за фудбалерите и стручните штабови, а сето тоа ќе чини околу два ипол
милиони евра.
Дополнително, во
план е да се постават мијалници покрај терените, а за присутните на стадионите
кои ќе имаат дозвола за тоа задолжително ќе биде носењето маски.
Од германската
фудбалска лига проценуваат дека ќе бидат потребни 25,000 тестови за
коронавирус, секој тест поединечно на пазарот чини околу сто евра, а планот е
фудбалерите да се тестираат најмалку на неделна основа, а првиот човек на овој шампионат одби да даде конкретен коментар околу датумот 9. мај.
„Бундеслигата е
подготвена да продолжи, без разлика на фактот што 9. мај е доцен датум, но, не
е до нас да пронајдеме адекватен датум, финалните одлуки секогаш ги носат
политичарите“ вели извршниот директор на германската фудбалска лига, Кристиан
Селферт.
„Ние до денеска
немаме дефинирано конкретен датум, факт е дека постои расположение да
размислуваме околу продолжувањето на сезоната, но сето тоа мораат да го наведат
германските власти, доколку би посочиле некој датум во овие моменти, тоа би
било само претпоставка од наша страна“ додава тој.
„Прашањето околу
тоа кога би се вратиле не е во наши раце, имаме неколку опции, доколку дојде
некој сигнал до нас дека тоа би можело да се случи на 9. мај, нека биде тој
датум“ заклучува првиот човек на германската фудбалска лига.