Германската фудбалска репрезентација со половичен успех го заврши септемврискиот циклус, прво изненадувачки загуби од Словачка, а потоа ја совлада селекцијата на Северна Ирска.
И покрај победата над Ирците, играта на „панцерите“ не беше на посакуваното ниво, па следуваа критики од јавноста, особено на адреса на селекторот Јулијан Нагелсман.
Главниот приговор беше одлуката да не го повика Лерој Сане. Нагелсман образложи дека Сане настапува во послаба лига и дека мора дополнително да се докажува за повторно да добие повик.
Сане летово го напушти Баерн и се пресели во Галатасарај, но таквото образложение веднаш беше споредено со ситуацијата на Кристијано Роналдо, кој иако игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, редовно е дел од репрезентацијата на Португалија и игра на највисоко ниво.
„Ме изненади начинот на кој Нагелсман зборува за турскиот фудбал. Секогаш сум верувал дека во репрезентацијата се гледа индивидуалниот квалитет. Ако е тоа критериумот, тогаш како Роналдо игра за Португалија?“, изјави Матијас Замер, поранешниот директор на германскиот национален им.