Легендата на „ѓаволите“, Гери Невил се плаши дека Манчестер јунајтед може да биде замешан во битката за опстанок откако вчера беше забележан уште еден пораз, Њукасл славеше на Олд Трафорд.
По победата над Манчестер Сити во лутото градско дерби, Манчестер јунајтед нареди четири порази, од кои три се во Премиерлигата и тоа без постигнат гол.
„Ѓаволите“ во моментов се на позицијата број 14, и се поблиску до позициите кои носат во втора лига, отколку до позициите во Европа.
„Тој (Аморим) беше решен дека нема да се промени, но сигурен сум дека длабоко во себе страда. И јас сум загрижен, работата е сериозна. Првиот половина час, беше навистина тежок за гледање како навивач на Манчестер јунајтед“ – вели Гери Невил.
„Нема сомнеж, игрите и резултатите значително се влошија во последните неколку недели. Се мачат, дел од играчите не се снаоѓаат во системот, дел имаат проблем со самодовербата, и се плашам дека Манчестер јунајтед може да биде замешан во борбата за опстанок и дното на табелата“.
„Мислам дека пред нив има многу работа, и ова е најблаго кажано. Сметам дека оваа група на играчи го немаат квалитетот од групата на играчи која ја имаше Тен Хаг, Оле, Жозе Мурињо или пак Луј ван Гал“.
„Да, и тие групи на играчи не беа доволно добри за Манчестер јунајтед во тие периоди, но беа подобри тимови и подобри состави од овој сегашниот“.