Гери Невил верува
дека Мохамед Салах го користи Ливерпул како „отскочна даска“ до голем трансфер
во Барселона или Реал Мадрид, а поранешниот англиски фудбалер има своја теорија
која ја образложи.
„Никогаш не е
лесно да се замени фудбалер како него, уште пред 18 месеци реков дека помислив
дека Салах ќе го напушти Ливерпул“ рече Невил за „Скај“.
„Мислам дека е
сосема едноставна причината зошто навивачите на Ливерпул можеби не демонстрираат
голема љубов кон Салах, а тоа најмногу се однесува на прашањето за лојалноста“ додаде тој.
„Сметам дека
постои одредено чувство дека тој сака да си замине и да игра во дресот на Реал
Мадрид, или дека ќе игра за Барселона, тој ќе направи голем трансфер, тоа не е
критика за Салах, играв со звучни фудбалски имиња како Бекам, Ван Нистелрој,
Роналдо, тие секогаш изразуваа желба да ја освојат Златната топка, сакаа да
играат во дресот на Реал Мадрид, или општо гледано во некој од големите клубови
во светот на фудбалот“ заклучи Гери Невил.
Мохамед Салах во
своите 140 настапи за европскиот првак досега постигна 90 погодоци од доаѓањето
во Ливерпул во 2017. година, ја подигна титулата во Лигата на шампионите, а
сезонава е близу до титулата во Премиерлигата.