Герет Бејл во Манчестер јунајтед, но само под еден услов

by
1 минути читање

Уште една сензационална вест ни пренесува шпанскиот Diario Gol, овој медиум тврди дека Герет Бејл од следната сезона би можел да го носи црвениот дрес на Манчестер јунајтед.

Флорентино Перез е фрустриран од честите повреди на Бејл и подготвен е да го продаде во летниот преоден рок.

Шпанскиот медиум оди дотаму што пишува дека Герет Бејл веќе се договорил со Манчестер јунајтед, но како услов за неговиот потпис го поставил пласманот во Лигата на шампионите.

Со поразот од Арсенал, Манчестер јунајтед речиси ги загуби сите шанси за пласман меѓу четирите најдобри, но на добар пат е да ја освои Лига Европа и така да избори пласман во Лигата на шампионите.

Во 2013 година Манчестер јунајтед го посакуваше Бејл, но тој тогаш одлучи да го одбие англискиот тим и да се пресели во Реал Мадрид.

И покрај честите проблеми, Бејл оваа сезона стартуваше на 24 натпревари за Реал Мадрид и постигна девет голови.

Останува уште малку до јуни, месецот кога започнува летниот преоден рок и кога ќе можеме да видиме дали има вистина во ваквите пишувања на Диарио Гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани