Герет Бејл ќе го следи примерот на Модриќ?

by Стефан
1 минути читање

Во редовите на англискиот третолигаш Плимунт наскоро би можело да дојде до промена на сопственичката структура, откако се појавија информации дека клубот е во преговори со американска приватна инвестициска група, пренесува „Телеграф“. Она што е особено интересно е дека во целиот проект е вклучен и поранешниот велшки репрезентативец Гарет Бејл, кој би можел да стане заштитно лице на оваа инвестиција.

Иако досега немал никакви допирни точки со клубот од југозападна Англија, евентуалното ангажирање на Бејл се совпаѓа со актуелниот тренд познати спортисти да влегуваат во сопственичките структури на англиски клубови.

Слични примери има и во повисоките лиги каде што Лука Модриќ неодамна стана дел од управата на Свонси, додека НФЛ иконата Том Брејди се приклучи како сувласник на Бирмингем. Инвеститори станаа и познатите голфери Џордан Спит и Џастин Томас, кои вложија средства во Лидс јунајтед.

Плимут се наоѓа во незавидна ситуација откако ја заврши сезоната 2024/25 на претпоследното, 23. место во Чемпионшип, што значеше испаѓање во Лига 1. Новата сопственичка понуда доаѓа во клучен момент за клубот, кој се надева на стабилизација и брз камбек во повисок ранг.

Фото: Wales/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×