Реал Мадрид ги
почна подготовките во пресрет на стартот на новата сезона во Соединетите
Американски Држави, каде е предвидено да настапи на Интернационалниот Куп на
Шампиони.
„Кралевите“ во САД ќе ги одмерат силите со Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и
Барселона, воедно ќе одиграат и натпревар против ѕвездите на МЛС лигата, по што
следи нова мега пресметка со Манчестер јунајтед, овој пат во Скопје во рамките
на европскиот Суперкуп идниот месец.
Во фокусот на
вниманието на тренингот на Реал Мадрид во САД, се најде Герет Бејл, Велшанецот
покажа дека ланската сезона каде не беше на своето ниво е веќе минато за него,
па ја демонстрираше својата форма во однос на мускулатурата.
Како за
потсетување, Бејл пропушти поголем дел од ланската сезона поради повреда, во
Лигата на шампионите одигра само осум натпревари, погоди на два пати и притоа
забележа две асистенци.
Како за потсетување, голема промена кај Велшанецот се забележа и
веднаш по доаѓањето во Реал Мадрид, кога Велшанецот доживеа целосна промена на
мускулната маса, но тврдеше дека неговите мускули пораснале само со трчање.