Довчерашниот
фудбалер на Работнички, Христијан Георгиевски потпиша за унгарски МТК
Будимпешта, за што потврдија и од тој клуб, претставувајќи го како голем талент од нашата земја.
Георгиевски веќе
имаше тест-меч за МТК Будимпешта, а како што известуваат од клубот, нашиот
фудбалер прикажал одлични перформанси во победата против Чеглед, а ќе може да
почне со настапи за сениорите во април кога ќе наполни 18 години, дотогаш ќе
продолжи во тимот за фудбалери до 19 години.
Освен 21
годишниот Бојан Миовски и Георгиевски, во редовите на моментално
третопласираната екипа во најсилниот фудбалски шампионат на Унгарија се наоѓа и
поранешниот член на Работнички, 25 годишниот Колумбиец Себастијан Ерера, кој
воедно има и македонски пасош.
Младинскиот репрезентативец Миовски исто така беше дел од Работнички, а потекнува од школата на штипска Брегалница, во унгарскиот клуб се пресели од редовите на Ренова ланската година, во ист период со Ерера кој пак си замина од составот на „Романтичарите“.