Рома е сериозно
заинтересирана за услугите на Марио Геце, а од Германија информираат дека
ѕвездата на Борусија Дортмунд нема ништо против од едно ново искуство во
неговата кариера, односно „Серија А“.
27 годишниот
фудбалер претстојново лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот од
причина што неговиот актуелен договор со „Милионерите“ истекува во јуни, оваа
сезона постигна 3 погодоци на 13 настапи во „Бундеслигата“, меѓутоа обете
страни не постигнаа согласност околу продолжување на соработката.
„Кориере дело
Спорт“ наведува дека веќе има првични преговори помеѓу директорот на Рома,
Џанлука Петрачи и агентот на Геце, а во меѓувреме, „Билд“ известува дека ги
отфрлил опциите да се пресели во МЛС, или Катар.