Иднината на Пауло
Дибала виси во воздух. БиБиСи утрово објави дека напаѓачот е на чекор до
Тотнем, но подоцна соопшти дека трансферот пропаднал.
БиБиСи пред еден
час пренесе дека Јувентус се предомислил и решил да не го продаде Аргентинецот,
но од Италија пристигнуваат спротивни информации.
Газета дело Спорт вели дека преговорите продолжуваат и на маса има нов предлог. Претходно се
говореше за трансфер од 70 милиони евра, а сега за едногодишна позајмица и
опција напаѓачот во целост да биде купен во 2020.
На овој начин ќе
се реши најкомплексното прашање од операцијата, одосно проблемот со имиџ
правата, и ќе се добие повеќе време за надминување на спорот. Весникот исто така вели дека фудбалерот нема да прави лекарски
прегледи со Тотнем бидејќи пред некој ден направил со Јувентус, и докторите на „спарси“
целосно им веруваат на своите колеги од Торино.
ГДС сепак потенцира
дека останува да се испегла платата од 10 милиони евра по сезона и тоа што е
можно побрзо бидејќи се треба да се комплетира до 18 часот.