141
Денешните информации од Англија велат дека се прекинати преговорите за нов договор меѓу Арон Ремзи и Арсенал.
Велшкиот фудбалер има договор кој му истекува по завршувањето на оваа сезона која многу веројатно ќе му биде последна во лондонскиот клуб.
Според „Тутоспорт“, новиот извршен директор на Милан, Иван Газидис ќе влијае на ангажман на Ремзи во италијанскиот клуб.
Трансферот треба да се случи во летниот преоден рок, а Ремзи да пристигне во Милан како слободен играч.