Газета дело Спорт: Палермо во преговори, сака услуга од Македонија

by
2 минути читање

Илија Несторовски со два гола го предводеше Палермо до
триумф на гостувањето кај Карпи со 1-3 во Серија Б, а нашиот напаѓач по пауза
од речиси еден месец повторно ги тресеше мрежите во Италија.

Македонскиот репрезентативец се најде во анализата на „Газета
дело Спорт“, која пишуваше за значењето на Несторовски во тимот на Палермо, притоа
издвои
Капитен,
змеј, бомбардер… – тоа се трите описи за Несторовски
.

Она што е интересно, „Газета дело спорт“ пишува и дека
Палермо веќе почнал преговори со Фудбалската федерација на Македонија за да
нашиот фудбалер биде поштеден за пријателскиот меч со Норвешка предвиден да се
одигра во Скопје на 11 ноември.

Причината за таквите напори на Палермо се јасни, клубот
сака брзо враќање во елитата на Италија, а тоа може да го оствари само со
нашиот фудбалер кој е важна алка во тимот од Сицилија кој на 12 ноември гостува
кај Кремонесе.

На истата тема пишувавме пред извесен период по интервјуто на селекторот Игор Ангеловски за одредени медиуми во Сицилија, кои го прашаа токму за оваа тема.

Несторовски со шест погодоци на осум средби е прв стрелец
засега во редовите на Палермо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани