Газдите на еден од најголемите американски брендови сакаат да го купат Милан

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан би можел да добие нови сопственици, откако се појавија информации дека актуелниот газда Гери Кардинале размислува да го продаде мнозинскиот пакет акции.

Како што пренесува новинарот Карло Пелегати, потенцијални купувачи се семејството Штајнбренер од Соединетите Американски Држави, кое преку својата компанија „Јенки Глобал Ентерпрајс“ веќе поседува 10% од акциите на „росонерите“.

На чело на оваа моќна корпорација е Хал Штајнбренер, наследник на едно од најпознатите семејства во американскиот спортски и бизнис свет. Тие се сопственици и на легендарниот бејзбол клуб Њујорк Јенкис, што уште повеќе ја зајакнува нивната репутација и финансиска моќ.

Во моментов станува збор за шпекулации, но италијанските медиуми пренесуваат дека Кардинале во последните денови водел разговори за можна продажба на Милан. Доколку ова се реализира, „росонерите“ повторно ќе останат во рацете на американски сопственици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×