Во Италија се кројат планови за продолжување на оваа сезона, но ситуацијата со коронавирусот нема значителни знаци на подобрување, никој ништо не може точно да предвиди.
Холандија синоќа ја поништи сезоната, претходно тоа го направи Белгија. Масимо Фереро верува дека тоа ќе се случи и во останатите земји.
„Не треба да се залажуваме. Нема да продолжиме додека некој не ни рече дека е излезена вакцина, само тогаш би можеле да бидеме мирни“, вели Фереро за Раи Радио.
„Наместо да правиме планови кога да продолжиме, подобро е да ги засукаме ракавите и да се спремиме за следната сезона“.
„Пример што ќе се случи ако некој фудбалер има вирус? Ќе го пратиме во карантин или ќе го третираме како да е повреден?“.
„И како ќе очекувате фудбалерите во карантин да седат во хотел 30 дена? Тие не се во домашен притвор“.
„Би бил среќен сезоната да продолжи ако се создадат услови. Но сезоната би ја завршиле во август. И што потоа, новата ќе ја почнеме во октомври? А има Европско првенство во јуни. Времето е прекратко“.