160
Престижниот англиски весник „Телеграф“ пишува дека КСИ сакаат успехот кој го имаат во Франција да го направат и во Англија, да инвестираат во клуб кој во иднина ќе има значајна улога во Премиерлигата.
Според англискиот весник, тие би купиле клуб од Чемпионшип лигата кој би го вратиле во Премиер, а потоа би сакале да се борат и за најголемите трофеи.
Три клуба се во опција од кои два се и со богата историја кога трофеите се во прашање, такви се Астон Вила и Нотингем Форест, а третиот клуб е Квинс Парк Ренџерс.
КСИ инестираат огромни пари во ПСЖ, ако се решат да трошат приближно толку и во Англија, наскоро може да има уште еден конкурентен клуб во Премиерлигата.