Газдата на Нотингем форест среде терен се расправаше со тренерот Санто! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Нотингем форест на домашен терен одигра 2-2 против испаднатиот Лестер и пропушти да влезе во топ пет на табелата, местата кои водат во Лигата на шампионите.

Тренерот Нуно Еспирито Санто ги подигна очекувањата во Нотингем по одличната сезона која ја има. За жал во финишот тимот падна резултатски, па сега како неуспех се гледа на резултати кои веројатно во некое друго време би биле вообичаени.

Со вчерашниот бод Нотингем форест го официјализираше местото во Европа, но се чини дека ќе пропушти да се пласира во Лигата на шампионите.

На грчкиот газда на клубот, Евангелос Маринакис не му беше сеедно, па му се пушти на тренерот Нуно Еспирито Санто по вчерашниот меч против Лестер.

Ретко може да се види како газда се расправа со тренер на терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×