Газдата на Њукасл, Мајк Ешли престана да ги плаќа работниците во клубот

by
1 минути читање

Во поголемиот дел од клубовите се намалуваат огромните плати на фудбалерите со цел да се обезбедат плати за обичните работници во клубот.

Но, така не е во Њукасл. Контроверзниот газда Мајк Ешли не им ги намали платите на фудбалерите и нема да ги плаќа работниците додека трае кризата со коронавирусот.

Директорот во клубот, Ли Чарнли им испратил мејл на работниците велејќи им дека клубот нема да ги плаќа и ги советувал да ја побараат помошта од државата за коронавирусот.

Велика Британија има мерка дека ќе им плати 80% од платата на работниците, максимум до 2.500 фунти.

Многу од навивачите и легендите на Њукасл се срамат од ваквиот потег на Мајк Ешли, тој е милијардер кој не сака да им даде плата на луѓето кои работат кај него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×