Првиот човек на
Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакна дека ѕвездата на италијанскиот вицепрвак
Лоренцо Инсиње има откупна клаузула од 200 милиони евра, но, истата не е на
потпис, туку е вербален договор помеѓу клубот и неговиот агент, Мино Рајола.
„Тој има
симболична откупна клаузула, Рајола и јас одлучивме дека, доколку добиеме
понуда во висина од 200 милиони евра, тогаш ќе го продадеме. Тоа не е откупна
клаузула потпишана на документ, туку вербален договор, 200 милиони евра, се
надевам е јасно…“ рече Де Лаурентис.
27 годишниот
офанзивец има важечки договор со Наполи до 2022. година, а тоа му дава одлична позиција на италијанскиот прволигаш во евентуални преговори за продажба на својот фудбалер.