Газдата на Наполи го провоцира Јуве: Трансферот на Роналдо е пропаганда, може да ви се удри од глава!

by
1 минути читање

Преселбата на
Кристијано Роналдо во Торино е бомбата ова лето, а многумина веруваат и дека ова е
трансферот на векот.

Но првиот човек
на Наполи, Аурелио Де Лаурентис вели дека „Старата Дама“ превземала голем ризик
и смета дека ова е само пропаганда на Фиат Крајслер автомобили.

„Јувентус направи
убава пропаганда за целата групација Фиат Крајслер автомобили“
– вели Де Лаурентис. „На
овој начин ќе се врати ентузијазмот кај фановите, кој сигурно ќе паднеше
доколку Макс Алегри продолжеше без ангажман на звучно име. По седум титули во
низа, што можете да им ветите на навивачите за да тие повторно да бидете
возбудени?“

Газдата на
„Наполитанците“ кои неодамна откри дека Жорж Мендеш најпрво него му го понудил
Кристијано Роналдо, но тој немал финансии за една ваква зделка, потоа додаде: „Од
аспект на маркетинг, целото италијанско првенство ќе има ќар, не само Јувентус“.

„Но голема е
разликата помеѓу тоа да кажеме капата долу, и да се освои првенството и Лигата
на шампионите. Исто така, да се потрошат толку многу пари на само еден играч
кој е на залезот од кариерата е многу ризично. Да не заборавиме дека Кристијано
Роналдо има одредена возраст. Балансирање на сметките со неговата огромна плата
е ризичен потег. Неговата плата е далеку од она што ние можеме да си го
дозволиме. Кога ќе почнете да плаќата луди плати, порано или подоцна тоа ќе ви
се удри од глава“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×