Португалскиот стратег, Жозе Мурињо пред самиот старт на сезоната доби отказ од клупата на Фенербахче, а првиот човек на турскиот гигант, сега за првпат откри зошто клубот се одлучил на таков потег.
Отказот за Мурињо дојде откако тимот беше елиминиран од Бенфика во плеј-офот и не успеа даа се пласира во Лигата на шампионите, освен Мурињо на прес-конференциите знаеше да се пожали и дека клубот му ги обезбедил засилувањата кои тој ги посакувал.
Но, исто така само неколку дена по отказот Фенербахче го доведе Актуркоглу од Бенфика, кој беше една од желбите на Мурињо.
Според зборовите на Али Коч, Мурињо бил отпуштен поради стилот на игра кој му бил премногу дефанзивен.
„Разделбата беше болна, постоеше добра хемија, неговото доведување беше успех.
Пред сè, за мене лично беше тешко на некој кого го сметам за пријател да му кажам збогум. Знаевме дека игра дефанзивно, па на крајот на сезоната дискутиравме и заклучивме дека е потребно да игра поофанзивно. Во нашиот ДНК е да даваме 99 голови и да освоиме 99 поени. Начинот на кој бевме елиминирани од Бенфика е неприфатлив. Стилот на Мурињо можеби е добар за Европа, меѓутоа во Турција сакаме да доминираме над нашите противници“, порача претседателот на Фенербахче.