„Скај Спортс“ пренесува
дека англискиот премиерлигаш Евертон има четворица кандидати на листата на
желби за кормилото на оваа екипа која има катастрофален старт на новата сезона
по заминувањето на Лукаку од тимот, а како жртва излезе Роналд Куман кому му беше
врачен отказ.
Местото на Холанѓанецот го презеде Дејвид Ансворт како привремено решение, а тој оствари само една
победа и дури три порази.
Газдата на клубот, Фарад
Мошири има звучно име на листата на желбите, и тоа аргентинскиот стратег од
клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, во кого се гледа трајно решение на
клупата на Премиерлигашот, но тој потпиша нов договор со шпанскиот прволигаш со
важност до септември 2020. година, па останува дилемата колку оваа опција е
реална.
Втората опција како што
е познато е Сем Алардајс, но тој барал високи 100 илјади фунти неделна плата во
својот договор, што, според информациите на Островот бил превисок услов.
Останатите две опции за
Евертон се Марко Силва од Ватфорд и Ансворт за кого се размислува дали да му се
даде подолг период за докажување во клубот.