Првиот човек на Челси, Тод Боли откри дека Џејдон Санчо имал проблеми со дисциплината, па затоа тие одлучиле да не го купат и платиле казна од 5 милиони фунти.
Џејдон Санчо минатата сезона беше на позајмица во Челси, „сините“ имаа опција во целост да го купат, но одбија да го сторат тоа и платија казна од 5 милиони фунти за да го вратат во Манчестер јунајтед.
Газдата на Челси, Тод Боли сега открива дека Англичанецот имал проблеми со дисциплината, па затоа тие решиле по секоја цена да се ослободат од него.
„Имавме договор да го купиме за 20 милиони, но минатата сезона пропушти неколку тренинзи, како и еден домашен натпревар“ – вели првиот човек на клубот од „Стемфорд Бриџ“.
„Тој ноќта ја минува во разговори со својата девојка, а преку ден спие. Секогаш кога имаше два слободни дена, одеше во Лос Анџелес кај својата сакана. Затоа одлучивме да ја платиме казната и Санчо да си оди“.
Џејдон Санчо ова лето се поврзуваше со неколку клубови, а во последниот ден од преодниот рок се пресели во Астон Вила на нова позајмица.