Газда Ѕампарини пред шест месеци бараше 20 милиони евра за Несторовски, сега само 10

by
1 минути читање

Илија Несторовски пристигна како анонимен играч на Сицилија за само 500.000 евра, но за кратко време го привлече вниманието со одличните партии.

Наполи сериозно загриза за Македонецот во зимскиот преоден рок, но тогаш газда Ѕампарини се гордееше со добрата одлука и порача дека Илија Несторовски вреди 20 милиони евра.

Но работите драстично се променија од тогаш, Палермо испадна во Серија Б, па сопственикот на „Сицлијанците“ сега бара двојно помалку.

Медиумите од Италија велат дека спортскиот директор Фабио Лупо се сретнал со Давор Чурковиќ, кој се грижи за кариерата на неколку играчи помеѓу кои и Илија Несторовски.

Официјалниот став на Палермо е дека „Нестогол“ не е на продажба, но работите можат да се променат доколку пристигне понуда вредна 10 милиони евра.

Фиорентина се посочува како клубот кој би можел да тргне по Илија Несторовски, но „Виолетовите“ разгледуваат уште неколку опции помеѓи кои и синот на Диего Симеоне, Џовани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани