Газда Ѕампарини
во последните денови од летниот преоден рок одби 15 милиони евра за Илија
Несторовски, и за одличните изданија, сега го награди Македонецот со нов
договор со трајнот до 2021.
„Горди сме на Илија, и како играч и како човек, затоа тој е нашиот капитен. Пред секој
меч си разменуваме смс пораки. Тој е лидер на нашиот тим” – вели сопственикот на Палермо,
Маурицио Ѕампарини.
Сепак, тој
сугерира дека ќе мора да го продаде популарниот „Нестогол“ доколку на клубот му
затребаат пари.
Маурицио
Ѕампарини подолго време бара инвеститори кои во клубот ќе треба да донесат свеж кеш.
„Сакам
Несторовски да остане столбот на новиот проект, тоа им го велам и на потенцијалните
нови сопственици. Но ги предупредувам дека ако нема нови инвеститори ќе мора да
го жртвувам Илија. Мора со некаков приход да ги покриеме трошоците”.
„Се надевам дека
наскоро успешно ќе завршат преговорите, не само за да го задржиме Илија
Несторовски, туку и за да купиме други играчи со кои одново ќе бидеме сила во
Серија А”.